Фондацијата „Елеуса“ ќе организира хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“

Од:

Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија на МПЦ-ОА на 25 овој месец ќе организира хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“, а собраните средства од продажбата на билетите се наменети за активноста на Фондацијата.

Ова беше соопштено на денешната прес конференција, на која организаторите истакнаа дека на една сцена ќе настапат бендовите на трите средни училишта од Струмица „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, Основното музичко училиште „Боро Џони“ и Вокално-инструменталната група „Стихири“.

– Тоа е силата на заедништвото, на соработката и на солидарноста, атрибути кои ги негуваме и поттикнуваме. Оттаму огромна благодарност до директорите на училиштата, до нивните музички педагози и секако до учениците кои безусловна ја прифатија поканата да бидат дел од настанот и да покажат како звучи човечноста. На репертоарот ќе го покаже богатството на македонската музика, а учениците ќе ја покажат својата виртуозност и умешност на сцената, беше речено на прес конференцијата.

Билетите по цена од 300 денари од денеска се пуштени во продажба на билетарницата на НУЦК „Антон Панов“, а собраните средства ќе бидат наменети за помагањето на над 1.000 семејства кои добиваат директна поддршка од Фондацијата „Елеуса“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат