Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му порача на израелскиот претседател Исак Херцог дека неговата земја нема мирно да ги набљудува провокациите во Ал Акса.
Ердоган телефонски разговарал со Херцог за најновите упади на израелските сили во комплексот на џамијата Ал Акса, како и за нападите врз верниците на светите места, соопшти Дирекцијата за комуникации при Канцеларијата на турскиот претседател, јави Анадолија.
Велејќи дека последните инциденти ја повредуваат совеста не само на муслиманите, туку и на целото човештво, Ердоган нагласи дека Турција не може да молчи пред провокациите и заканите за статус кво и духовноста на џамијата Ал Акса.
Тој, исто така, истакна дека не смее да се дозволи ескалација на тензиите што се шират во Појасот Газа и Либан.
Истакнувајќи ја неопходноста да се спречат овие инциденти, кои се повторуваат секој Рамазан, да станат судбина на регионот, Ердоган исто така ја изрази подготвеноста на неговата земја да помогне да се дојде до коренот на проблемот и да преземе чекори кон воспоставување праведен и траен мир.