Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ е прогласен за виновен во случајот со набавката на 100 кинески респиратори. Новалиќ како првообвинет е осуден на четири години затвор.
Новалиќ утрово не дојде на изрекувањето на пресудата, а присуствуваа сите останати обвинети.
Фикрет Хоџиќ, сопственикот на фирмата „Сребрена малина“, која набавуваше респиратори, е осуден на пет години, а поранешниот директор на Федералната управа за цивилна заштита Фахрудин Солак на шест години.
Како што пренесува Кликс, компанијата „Сребрена малана“ мора да плати казна од 200.000 КМ, додека Хоџиќ да врати 600.000 КМ.
Сите осудени се прогласени за виновни за кривичното дело злоупотреба на положбата, а ослободени од обвиненијата за перење пари и примање подароци.
Солак, меѓу другото, е виновен и за фалсификување документација бидејќи наредил подреден вработен да го смени делот од договорот што се однесува на етикетата на респираторот.
Самиот Солак претходно и самиот и предложил на владата да го суспендира откако се покажало дека со неговата одлука за набавка на стотина респиратори за болниците во Сараево, Мостар и Тузла е доверена на компанијата „Сребрена малина“, регистрирана за одгледување и преработка на овошје и зеленчук, сопственост на Фикрет Хоџиќ, познат само како водител на реално шоу на локална телевизија.