Руските истражители денеска ја обвинија 26-годишната Дарја Трепова за тероризам за убиството на провоениот воен блогер Владлен Татарски во експлозија на бомба во Санкт Петербург.
Татарски, поддржувач на руската воена кампања во Украина, со вистинско име Максим Фомин, беше убиен во неделата во експлозија во кафуле каде што требаше да зборува за своите искуства како воен известувач во воената зона во источна Украина.
‼️ The moment of the explosion in a cafe in St. Petersburg, the last seconds of the life of propagandist Vladlen Tatarsky (Maxim Fomin)#Tatarsky puts the bust back in the box, the listener asks a question about the destruction of bridges in Ukraine, and at that moment an… pic.twitter.com/sbv3BAxA12
— NEXTA (@nexta_tv) April 3, 2023
Моментот на експлозијата е снимен и објавен на социјалните мрежи. Татарски бил видно воодушевен од бистата, рекол „види, златен Татарски“, но неколку моменти подоцна експлозивната направа била активирана. На видеото се гледа и Трепова која седела во близина.
Истражната комисија за тешки кривични дела соопшти дека Трепова доби кривична пријава за сторено „терористички чин од организирана група која предизвикала намерна смрт“. Тие додадоа дека таа постапила по инструкции на луѓе кои дејствувале во име на Украина.
Кремљ во понеделникот објави дека убиството на истакнат воен блогер е „терористички чин“ и дека има докази дека Украина е вмешана. Тој го обвини Киев дека е вмешан во убиството во соработка со приврзаниците на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални.