Западот се обидува да забие клин меѓу Русија и Кина зборувајќи за нееднаквите односи и зависноста на Москва од Пекинг, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено утринава.
Лавров за рускиот портал „Аргументи и факти“ посочи дека тврдењата за нерамноправните односи меѓу Москва и Пекинг веќе долго време „генерално се преувеличени од непријателските земји“.
„Ова го гледаме како обид да се фрли сенка врз нашите успеси, да се забие клин во пријателството меѓу Москва и Пекинг“, додаде тој.
Шефот на руската дипломатија рече дека разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг започнале „стратешко партнерство“ меѓу Москва и Пекинг надвор од „ексклузивниот билатерален контекст“.