Повисоки цени на бензинот од полноќ

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 % во однос на одлуката од 22.3.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,090%, кај дизелот намалување за 1,040%, кај екстра лесното масло намалување за 1,718% и кај мазутот има зголемување за 3,306%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,028%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг и сега ќе изнесува 37,628 ден/кг.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.3.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95