Пуштен повеќенаменски комплекс на Лук оил кај Лешок

Од:

На регионалниот пат Тетово – Јажинце на влезот во селото Лешок денеска беше пуштен во употреба повеќенаменски комлекс и бензинска пумпа на компанијата Лук оил Македонија.

На пуштањето присустваа министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, генералниот директорот на Лук оил Македонија Андреј Михаилович Кукул, амбасадорот на Русија во Македонија Олег Николаевич Шчербак и градоначалникот на општина Теарце Исен Асани.

– Во овој комплекс освен гориво нашите потрошувачи ќе имаат избор и на квалитетна храна и пијалоци, додека на децата на располагање им стои детското игралиште. Патниците што транзитираат по овој регионален пат, ќе имаат можност за одмор и простор за безбедно и сигурно паркирање на своите возила, рече Кукул, изразувајќи задоволство што и жителите на овој регион во Македонија ќе имаат можност да користат од висококвалитетното и брендирано гориво ЕКТО.

Отворањето на овој повеќнаменски комплекс на Лук оил кај Лешок, според министерот Адеми, е уште еден показател дека Владата ги поддржува инвеститорите и инвестициите и дека се обидува да ги намали и олесни административните процедури за сите заитересирани инвеститори.

Рускиот амбасадор во Македонија очекува добрите односи на двете земји да продолжат на сите полиња.

Повеќнаменскиот комплекс е зедничка инвестиција на Лук оил Македонија и фирмата Интеринвест од Шемшово и се простира на 16.000 метри квадратни и во негов состав има бензинска пумпа, ресторант, детско игралиште и пракинг за лесни и тешки моторни возила. Ова е 24 бензинска станица на Лук оил во Македонија.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95