Николов: По пандемијата срцевите удари зголемени за трипати

Од:

По ковид пандемијата зголемен е бројот на срцеви удари, покажуваат анализите на македонските кардиолози, но и на европските и светски здруженија. Срцевите удари се зголемија за трипати повеќе од пред пандемијата, вели во интервју за МИА началникот на Одделението за кардиологија во Клиничка болница-Штип, Сашко Николов.

-Инфарктите на белодробието, ако сме имале по 20 пациенти годишно, сега имаме по 15 месечно, тие што ги евидентираме и нотираме. Инфаркти на долни екстремитети, заболување на крвните садови на нозете за четири пати повеќе, тромбоза на длабоките вени на површните вени, масовно зголемено. Тромбоза на цревни артерии, огромно зголемување, појава на мозочни инфаркти кај млади луѓе зголемено за петпати. Сето тоа е резултат на пандемијата. Пандемијата кога почна сите ние мислевме дека е вирусно заболување, односно тоа е вирусно заболување, тоа е респираторно вирусно заболување, ги напаѓа белите дробови, вели Николов.

Посочува дека какошто одминуваше пандемијата лекарите сфатиле дека ковид вирус влегува преку респирторните патишта, меѓутоа цел на напад му се мускулестите делови на крвните садови. Во овој постковид период зголеменен е бројот на интервенции и на одделите за кардиологија и неврологија.

– Голема е бројката и кај невролозите, особено кај популацијата од 25 години, па нагоре. Мозочни удари кај млади луѓе и тоа е резултат на ковид инфекција врз крвните садови. Многу често викаме поминав ковид, ама немав симптоми. Ти си поминал ковид, немаш симптоми, меѓутоа антигенот од ковидот веќе е закотвен во крвниот сад. Прашање на време е кога тоа ќе почне да прави воспаление, реакција и ќе направи задебелување, пукање на плака во крвниот сад и на крајот инфаркт. Така да оваа ковид инфекција направи една состојба на светското здравство да сфатиме, колку ние не знаеме за новите болести што ни доаѓаат, заради тоа што новите болести се комбинација од заболување, комбинација на вируси што напаѓаат повеќе системи истовремено, вели Николов.

Би можело да ве интересира

На 46 години од срцев удар почина поранешен репрезентативец на Белгија

Горан Наумовски

Студија: Ризикот од срцеви компликации е поголем од Ковид отколку од вакцините

А1он

Поранешен кошаркар на Црвена звезда почина за време на тренинг

А1он

Во Италија тројно зголемена стапката на смртност од срцев удар

А1он