Реакција на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ на соопштението на Министерството за финансии

Од:

По повод соопштението на Министерството за финансии со кое се информира дека во моментот се работи на изнаоѓање на одржливо системско решение кое ќе се однесува на целиот јавен сектор, Синдикатот на Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм ги поздравуваат сите законски решенија кои ќе придонесат кон квалитетни реформи во системот, како и кон соодветна валоризација на трудот на вработените.

– До донесувањето на овие решенија, бараме платите да се решат преку склучување на Колективен Договор со кој во демократска и транспарентна постапка се дефинира висината на платата. Затоа останува нејасно, зошто Министерството за финансии за себе создаде исклучок, односно зошто уредувањето на платите на вработените од Министерството за финансии е надвор од системот кој треба да важи за сите останати во јавниот сектор?!Зошто и тие не почекаа?!, велат од Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот