Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека е уверен оти рускиот народ ќе го поддржи на претседателските избори во 2024 година.
„Знам дека следната година во вашата земја ќе се одржат претседателски избори“, му рекол Кси на Путин на почетокот на разговорите во Кремљ, пренесе Ројтерс.
Тој истакна дека благодарение на силното лидерство на Путин, Русија во последните неколку години успеа да постигне значителен напредок во постигнувањето на просперитетот на земјата.
„Сигурен сум дека рускиот народ силно ќе ве поддржи во вашите добри напори“, рече Кси.
Кинескиот претседател го нарече Путин „драг пријател“, а Путин ги употреби истите зборови за Кси, кој му се заблагодари на Путин за, како што рече, неговата поддршка за Кина и рече дека Пекинг треба да има блиски односи со Москва.