Ѓоковиќ и официјално се повлече од списокот на учесници на Мастерсот во Мајами

Од:

Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мајами, а во текот на денот и официјално се повлече од списокот на учесници.

Веста ја потврди директорот на Мастерсот на Флорида, Џејмс Блејк.

Ѓоковиќ и неговиот тим се обидоа да добијат посебно ослободување за влез во САД, но американската администрација не го објави тоа, па Новак нема да може да игра таму, како што деновиве не игра во Индијан Велс.

„Се обидовме со се за да дозволиме Новак Ѓоковиќ да влезе со исклучок, но тоа не се случи. Очигледно е дека сме еден од најголемите турнири и би сакале да ги имаме сите најдобри играчи во светот. Направивме што можевме. Се обидовме да разговараме со владата, но таа одлука не беше во наши раце“, изјави Блејк за Тенискиот канал, пренесуваат белградските медиуми.

На турнирот нема да биде ниту Американецот Себастијан Корда кој се уште не ја опоравил повредата.

Титулата ќе ја брани светскиот рекет број два, Карлос Алкараз, кој тогаш беше подобар од Норвежанецот Каспер Руд.

Следниот турнир на Ѓоковиќ треба да биде Мастерсот во Монте Карло кој започнува на 8 април.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха