Големото враќање на Доналд Трамп

Од:

Компанијата „Alphabet Inc. YouTube“ денеска објави дека ги укина ограничувањата за каналот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Платформата за видео стриминг го забрани Трамп на 12 јануари 2021 година, поради кршење на неговата политика за поттикнување насилство, објави Ројтерс.

Тоа се случи откако неговите приврзаници упаднаа во американскиот Капитол додека Конгресот почна да ја потврдува победата на Џозеф Бајден на претседателските избори една недела претходно.

Агенцијата потсетува дека YouTube почна да ги отстранува видеата на крајот на 2020 година во кои тогашниот американски претседател Доналд Трамп „лажно обвинуваше дека исходот од претседателските избори бил под влијание на изборна измама“.

На почетокот на приказната за изборниот фалсификат, YouTube не се мешаше премногу, во споредба со Фејсбук и Твитер, кои ги означија коментарите на Трамп како дискутабилни веднаш по нивното објавување.

Би можело да ве интересира

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“