Шилегов: Скандал – психотерапија за македонската дипломатија

Од:

Македоноската дипломатија е огледало на стилот на владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. После оној во Перу, нов скандал во редицата погрешни потези на Владата во сферата на надворешната политика. Скандал кој сé уште се крие од очите на македонската јавност, обвини Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Според потврдени информации, Владата побарала агреман од Србија за Вера Јовановска-Типко, поранешен советник на премиерот Груевски да биде наш амбасадор во оваа соседна држава.

Вера Јовановска-Типко е невропсихијатар и сопственик на терапевски центар кој изгледа ќе треба да ни ги „лекува“ и подобрува дипломатските односи со Србија.

Замислете, невропсихијатар, без ниту еден ден искуство во дипломатска сфера ќе треба да не претставува и да ги претставува интересите на Република Македонија во Србија, држава со која имаме многу заеднички сфери на интерес, држава со која треба да ги зацврстиме и прошириме економските релации, држава со која имаме и важно отворено прашање.

Со какви знаења и искуство ќе настапи невропсихијатарот и каква сериозност ќе покаже Република Македонија во надворешно политичките и дипломатски односи?

Чии фрустрации ќе ги лечи? И дали тоа што била советник на Груевски е единствена доволно добра причина, единствен важен критериум за да биде амбасадор?

СДСМ бара власта да престане да си игра со надворешната политика. На вакви значајни функции, кои се всушност „лицето“ на државата треба да се праќаат стручни кадри, а не партиски или приватни консултанти и послушници.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче