Најмалку 21 лице е повредено денеска во несреќа на француските Алпи кога автобус со деца се превртел по падина и завршил во поток.
Во автобусот се превезувале 40 основци.
Возачот и сопатникот се најтешко повредени, додека 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјави Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.
„Децата се добро“, изјави тој за АП.
Регионалниот обвинител започна истрага, а градоначалникот рече дека најверојатното сценарио е дека возачот имал некаков медицински проблем додека бил зад воланот.
Локалните власти за француските медиуми изјавија дека при слетувањето на автобусот временските услови биле добри, а на местото на несреќата немало снег или мраз.