СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Ј.(38) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Oсуденикот од Казнено-поправната установа Затвор Штип, во август 2022 година набавил хероин и го препакувал во помали пакувања заради продажба. На 18.8.2022 бил забележан од затворските чувари како во корпа за отпадоци остава хероин, кој подоцна бил пронајден.
Откако е откриен за случајот била известена полицијата.