Бројот на ученици кои извршиле самоубиство се искачи на највисоко ниво во 2022 година

Од:

Во Јапонија бројот на ученици кои извршиле самоубиство во 2022 година се искачи на највисоко ниво регистрирано досега, пренесува Анадолу.

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија ја објави бројката на ученици кои извршиле самоубиство минатата година.

Според овие податоци, бројот на ученици кои се самоубиле во 2022 година забележа раст од 39 отсто во споредба со претходната година, односно се искачи на 512.

Според тоа, стапката во 2022 година е највисока регистрирана стапка по 1980 година, кога почна регистрацијата на овие податоци.

Во Јапонија во 2022 година самоубиство извршиле 512 ученици, од кои 352 ученици од средно училиште и останатите од основно училиште.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он