30-годишниот маж од Скопје кој беше уапсен откако подолго време ги вознемирувал жените самозадоволувајќи се пред нив и кој доби пријава од Обвинителството, доби куќен притвор.
Како што за А1он потврдија од судот, пртифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд, определи мерка куќен притвор.
Притворот е определен бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело против морал кое постои опасност да го повтори.
30-годишникот е уапсен и против него е поднесено обвинение дека постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ од член 190 став 1 од Кривичниот законик.
– Во пет наврати осомничениот 30-годишник на различни локации во Скопје, во автобуси и влезови од згради, се самозадоволувал пред девојки со што го сторил наведеното кривично дело, соопштија денеска од Јавното обвинителство.