Полицијата го уапси С.А.(30) скопското село Пагаруша кој е осомничен дека пет пати извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ во градски автобуси и на други јавни места се самозадоволувал пред женски лица.
Тој бил задржан во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено негово препознавање од оштетените. Против него е поднесена и кривична пријава, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор.