НЕПТУН Македонија продолжувајќи ја во својата цел – креирање импакт во општеството во развој на социјалните промени, во месец декември, организираше голема хуманитарна кампања ЗАОКРУЖИ СМЕТКА и донирај за СОС Детско село ЗА СИГУРНА ИДНИНА НА МЛАДИТЕ БЕЗ РОДИТЕЛСКА ГРИЖА. Донаторската акција „Заокружи сметка“ се одржa во сите продажни објекти низ републиката во период од 01. 12. 2022 година до 30.12.2022 година.
Секој купувач имаше можност на иновативен начин да донира, со заокружување на својата сметка на каса во износ по свој избор во рамките на сметката.
Се заблагодаруваме на сите 1.453 потрошувачи Нептун кои придонесоа да се соберат финансиски средства и кои ја подржаа нашата кампања и донираа. Собраните средства ќе бидат наменети за едукативна поддршка на децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско село.
Како општествено одговорна компанија која се грижи за најранливите категории граѓани, Нептун Македонија и во текот на годината која следува ќе организира различни хуманитарни акции кои се наменети за децата згрижени во СОС Детско село. Сите активности во 2023 година компанијата ќе ги реализира во рамките на мотото “Ајде заедно да овозможиме сигурна иднина на младите без родителска грижа и да менуваме животи на децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско село.”
ПР Текст