Бектеши на конференцијата #ECONLIT2023: Правиме напори и стратегии за мерки кои ќе влијаат на подобрување на економската едукација во РСМ

Од:

„Министерството за економија и Владата, почнувајќи од блиската соработка со универзитетите, прават напори и стратегии за различни мерки кои ќе влијаат на подобрување на економската едукација во Република Северна Македонија, особено во услови на криза, имајќи во предвид дека не само РСМ туку и други земји од регионот и светот се соочуваат со покачувањето на цените и енергетската криза и многу е важно почнувајќи од домаќинствата, нашите семејства, но и на највисоките нивоа да имаме што повеќе информации во справувањето со економската криза, со единствена цел да се одржи стандардот на граѓаните, но и да се влијае врз економскиот развој на државата“, кажа Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната конференција #ECONLIT2023 за економската едукација, организирана од Институтот Либерална Алтернатива во соработка со Economic Fundamentals Initiative од САД.

Бектеши истакна дека ваквите иницијативи секогаш ќе имаат поддршка од Министерството за економија и Владата и токму оваа соработка треба да се продлабочува и со другите институции кои ќе влијаат на едукацијата на пошироката јавност, а не само на оние кои директно се занимаваат со економските прашања.

„Во рамките на приватно-јавниот дијалог што функционира во Влада, каде што учествуваат академици и економски експерти, дури и за време на пандемијата и енергетската криза, сите мерки, сите владини политики се направени во целосна координација со академските институции, универзитетите, стопанските комори, и целта на Министерството за економија е оваа соработка да продолжи и да се продлабочува со единствена цел да им се помогне на домашните компании, но и на ваквите иницијативи кои индиректно ќе влијаат на таквата едукација која ќе има позитивно влијание и во однос на граѓаните во земјата“, рече министерот Бектеши.

„Го поздравувам Институтот за иницијативата и организацијата на една ваква важна Конференција, неопходна и актуелна, чие значење го зголемува и присуството на министерот за економија. За тоа колку е важна оваа конференција, можам да кажам дека и доцневме во оваа насока од причина што со промените во економијата, во економската структура, се менуваат и потребите за нови знаења, формални и неформални“, изјави ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, академик Абдулменаф Беџети.

Извршниот директор на Институтот за либерална алтернатива, Орхан Цека, истакна дека денешната конференција #ECONLIT2023 е првиот чекор од проектот Економскa едукација, проект кој започна со реализација, но ќе биде долгорочен. На Конференцијата ќе започнеме дискусии за тоа каде стои Северна Македонија во економското воспитување, но во концептот не само на професионално економско воспитување, туку и за целата маса.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница