Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечер ќе ја отвори изложбата на традиционални носии и накит на НУ Музеј на Македонија во рамки на претставувањето на македонската култура во Марсеј.
Посетителите на изложбата во музејот „Куќа на занаетчиството и уметничките занаети“ во Марсеј ќе можат да видат рачно изработени македонски носии со богат колорит и везени декорации кои ги отсликуваат македонската традиција и македонските обичаи. Отворањето на изложбата ќе биде збогатено и со настапот на Зоран Маџиров, кој ќе се претстави со своето музицирање на стаклени шишиња.
Република Македонија и нејзините уметници ќе бидат дел и од 7-те Франкофонски игри што ќе се одржат од 7 до 15 септември во Ница. На оваа најмасовна спортска и културна манифестација во светот по Олимписките игри, Македонија земја ќе биде присутна по четврти пат. На Франкофонските игри, меѓу претставници на 70 земји од светот, ќе не претставуваат уметниците: Ѓорѓе Јовановиќ (фотографија), Горан Менков (сликарство), Ана Ивановска (скулптура-инсталација), Индиго-квартет и Искра Шукарова (танци), студиото „Брејк а лег“ (хип-хоп) и групата „Д-Џон“ (музика).