Димитриевски им „подари“ поен на Хетафе!

Од:

Рајо Валјекано не успеа да издржи за победа над Хетафе во „малото“ мадридско дерби, одигрувајќи 1:1 за што најголем виновник е македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски.

Рајо успеа да стигне до водсто во 38. минута со автоголот на Мауро Арамбари, но Хетафе доби совршена шанса да се врати во игра на почетокот на второто полувреме, кога во 50. минута беше досуден пенал. Сепак, Борха Мајорал не беше успешен од белата точка во еден од најлошо изведените пенали во Ла лига оваа сезона.

Кога Карлес Алена во 54. минута од мечот доби втор жолт картон, изгледаше дека Рајо со играч повеќе сигурно ќе ги освои трите поени, но тогаш во 77. минута Димитриевски му ја подари топката на Енес Унал и на Турчинот не му беше тешко да ја затресе мрежата. И покрај оваа грешка, Рајо имаше уште една совршена шанса, кога во 86. минута од мечот беше досуден пенал за гостите, но обидот на Раул де Томас заврши во рацете на голманот Сорија.

Поенот ги крева Рајо на шестото место на табелата со 33 поени, додека Хетафе се претпоследни со само 19 поени.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Реал го победи Хетафе во единствената контролна средба, резултатот не го кажува

Жарко Настоски

Хетафе не сака да оди на натпревар со Интер поради коронавирус

Ландов