Трамп повторно е на Фејсбук и Инстаграм

Од:

Мета минатиот месец објави дека ќе ги врати сметките на Трамп на социјалните мрежи, а сега тоа конечно се случи. Мета ја врати сметката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по двегодишната суспензија по смртоносните немири во Капитол на 6 јануари 2021 година. Прво оживеа неговиот Фејсбук, а потоа и неговиот Инстаграм профил.

Во изјавата на крајот на јануари, Ник Клег, претседателот за глобални прашања на Мета, рече дека „јавноста треба да има опција да слушне што велат политичарите“.

Клег рече дека 45-тиот американски претседател „значително се повлече во своите настапи“ откако беше блокиран. Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека се плаши од можноста Трамп со својата реторика да предизвика ново насилство, пренесува Јутарњи.

На Трамп претходно му беше дозволено да се врати на својот омилен Твитер откако мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата