Учениците од скопската гимназија „Ѓорги Димитров“ се безбедно евакуирани откако до раководството на ова средно училиште пристигнало дојава за поставена бомба.
Вчера на електронска адреса на 33 училишта беше упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
По извршените проверки од страна на полицијата беше соопштено дека станува збор за лажна дојава.