Болниците во Сирија погодена од земјотресот се преполни, изјави за Си-Ен-Ен претставничката на УНИЦЕФ во Алепо, Ангела Керни.
Керни рече дека болниците се полни со пациенти со трауми, скршени коски и исеченици и дека некои луѓе доаѓаат во болницата за да побараат помош за психолошка траума по земјотресот.
Таа додаде дека во понеделникот наутро, кога УНИЦЕФ почна да работи во областа, во градот Алепо седум училишта се користеле како засолништа. До вторник наутро, бројот порасна на 67 училишта, а моментално има речиси 200.
„Во сите овие делумно оштетени училишта, има семејства кои ги напуштија своите станови, ги оставија своите домови во ништо друго освен пижами“, рече Керни, додавајќи дека додека помошта почнува да пристигнува во погодените области, сè уште има потреба од ќебиња, медицински материјали, храна и вода за пиење.
„Помошта почнува да доаѓа, но потребата е огромна“, рече таа.