Пијан Русин сакал да го украде телото на Ленин

Од:

Руската полиција приведе пијан маж кој се обидел да го украде телото на Владимир Илич Ленин од мавзолејот на Црвениот плоштад, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.

„Инцидентот се случил ноќта на 6 февруари. Еден маж е уапсен кога се обидел да упадне во мавзолејот каде што се наоѓа телото на Владимир Ленин и да го извади. Подоцна било откриено дека човекот бил пијан“, потврдил полициски извор.

Полицијата во текот на ноќта забележала сомнителен минувач како се движел во близина на мавзолејот, а кога почнал да ја влече вратата и да се обидува да влезе внатре, полицијата го привела.

Наводно на местото на настанот била повикана брза помош, а лекарите констатирале дека мажот има психичко нарушување предизвикано од дејството на алкохолот.

За време на сослушувањето, мажот постојано се обидувал да побегне, но на крајот признал дека намерата му била да го украде телото на Ленин. Приведениот не можел да објасни кои се неговите мотиви.

Поранешниот советски државник Владимир Илич Ленин починал на 21 јануари 1924 година, а пред смртта не ја изразил својата желба на кој начин сака да биде погребан. Затоа, неговото тело било балсамирано, а во 1930 година била завршена изградбата на мавзолејот во кој било поставено телото. Милиони туристи и обожаватели го посетија овој мавзолеј.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски