Руските сили продолжуваат да се прегрупираат на неколку фронтови и се фокусираат на изведување офанзивни операции во правец на Купјанск, Лиман, Бахмут, Авдивка и Новопавливка, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.
„Непријателот се прегрупира на неколку фронтови. Главните напори ги концентрираат на напредување на фронтовите Купјанск, Лиман, Бахмут, Авдивка и Новопавливка“, пишува Генералштабот.