Две доживотни казни за помагачите на џихадистот Кујтим Фаизулаи кој уби луѓе во Виена

Од:

Судот во Виена осуди на затворски казни четворица од шестмината обвинети дека им помагале на џихадисти да подготват терористички напад во Виена во 2020 година.

Инаку, во тој напад 20-годишен напаѓач уби четири лица во ресторани во центарот на Виена, а меѓу изречените затворски казни има и две доживотни казни.

Шестмината обвинети се товарат дека му пружиле помош на напаѓачот кој самиот го изврши нападот во кој беа повредени над 20 лица. Повеќето од обвинетите ги поддржувале милитантите на Исламската држава, како и напаѓачот Кујтим Фаизулаи, но негираa дека знаелe дека планирал напад.

Судот осуди двајца од шестмината на доживотен затвор како соучесници во убиството.

Еден од нив му продал на Фајзулај пушка и муниција кои биле користени во нападот, а другиот осуден на доживотен затвор е Хејдејатулах З., кој живеел со напаѓачот со недели пред нападот и помагал да се подготви оружје за нападот, објави Ројтерс.

Други двајца мажи беа осудени на 20 и 19 години затвор.

Останатите двајца беа прогласени за виновни за членови на терористичка организација, но беа ослободени од обвинението за соучество во убиство и осудени на две години затвор.

Меѓу двајцата кои добија полесни казни е и Аријанит Ф. од Косово и Метохија, кој во неуспешен обид да купи муниција го однел напаѓачот во Словачка.

Полицијата го уби напаѓачот Фејзулаи, кој имаше австриско и северно македонско државјанство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи

Терористот од Виена се пофалил со напад на своите пријатели, уапсен е и 18-годишник од Ирак

Еден од уапсените терористи од Виена детално ги опишал плановите за нападот на концертот на Тејлор Свифт

Горан Наумовски

Тинејџер од Босна и Херцеговина се заканувал дека ќе разнесе продавници во Виена

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден