Резников: Русите мобилизираа 500.000 луѓе, би можеле да извршат напад на 24 февруари

Од:

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников предупреди дека Русија подготвува нова офанзива која би можела да започне веќе на 24 февруари, на првата годишнина од руската инвазија. Тој тврди дека Русија подготвила илјадници војници и би можела да „проба нешто“ за да ја одбележи годишнината од почетокот на војната, пренесува Би-Би-Си.

Новата офанзива на тој ден би го одбележала и рускиот празник на бранителите на татковината 23 февруари, кој е посветен на руската армија. Резников рече дека Москва мобилизирала околу 500.000 војници за потенцијална офанзива.

Минатиот септември, рускиот претседател Владимир Путин најави мобилизација на околу 300.000 резервисти за војната во Украина, наведувајќи дека мобилизацијата е неопходна за „зачувување на територијалниот интегритет“ на Русија. Сепак, Резников сугерира дека реалниот број на мобилизирани би можел да биде значително поголем.

Официјално објавија 300.000, но кога ги гледаме силите собрани на границите, проценуваме дека тоа е многу поголема бројка“, изјави Резников за француската телевизија БФМ.

Би-Би-Си вели дека не може независно да ги потврди тврдењата на Резник.

И покрај тешките борби во источниот регион Донбас, војната влезе во еден вид ќор-сокак во изминатите месеци, односно откако Украина го ослободи јужниот град Херсон. Со исклучок на руското заземање на украинскиот град Соледар, ниту една страна не постигна значителен напредок.

Но, руската пролетна офанзива, исто како и украинската контраофанзива, долго време се сметаше за веројатна. Американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк, Институтот за воени студии, неодамна објави дека Москва може да „преземе решителна акција“ и да започне „голема офанзива“ на истокот на земјата.

Украинскиот министер за одбрана рече дека украинските команданти ќе имаат задача „да ја стабилизираат линијата на фронтот и да се подготват за контраофанзива“ пред очекуваната руска офанзива.

„Верувам дека оваа година ќе биде година на нашата воена победа“, тврди Резников, додавајќи дека украинските сили „не смеат да ја изгубат иницијативата“ што ја имаа во изминатите месеци.

Би можело да ве интересира

Зеленски му честиташе на Трамп

Севернокорејски војници се судрија со Украинците во Русија, пренесува Њујорк Тајмс

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев од различни правци со беспилотни летала, oштетени згради и далноводи

Катерина Ѓуровски

Украинците ги чекаат иборите во САД во страв дека Трамп ќе ги напушти

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски