(ВИДЕО) Кириленко: Две лица погинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда во Краматорск

Од:

Руска ракета доцна синоќа уништи станбена зграда во источниот украински град Краматорск, а во нападот загинаа најмалку две лица, додека седум се повредени, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.

„Спасувачите, полицијата и комуналните служби работат на местото на нападот за да ги проверат урнатините на уништената зграда. Веројатно се уште има луѓе под неа“, напиша Кириленко на Телеграм.

Во руски ракетан напад минатиот месец , исто така, врз станбена зграда во источниот град Дњепар загинаа најмалку 44 лица

„Ова не е повторување на минатото, тоа е секојдневната реалност на нашата земја – земја со апсолутно зло на своите граници“, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграм.

Во посебен твит, Зеленски напиша дека „единствениот начин да се запре рускиот тероризам е да се победи – со тенкови, борбени авиони, проектили со долг дострел“.

Украина, која минатата недела обезбеди ветувања за борбени тенкови, сака нејзините сојузници да ја снабдуваат со авиони ловци и проектили.

Кириленко објави слика на која се гледа четирикатница која претрпела големи оштетувања.

Украина ги обвинува руските сили за неселективно гранатирање на цивилната инфраструктура, обвинение што Москва рутински го негира.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски му честиташе на Трамп

Севернокорејски војници се судрија со Украинците во Русија, пренесува Њујорк Тајмс

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев од различни правци со беспилотни летала, oштетени згради и далноводи

Катерина Ѓуровски

Украинците ги чекаат иборите во САД во страв дека Трамп ќе ги напушти

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски