Штрајк на дел од јавниот сектор во Брисел за подобри работни услови и повисоки плати

Од:

Околу 18.500 вработени во белгискиот јавен сектор денеска излегоа на улиците во Брисел барајќи подобри работни услови и повисоки плати во своите сектори особено погодени за време на пандемијата Ковид-19.

Штрајкуваат вработени во болници, домашна нега, домови за сместување и згрижување деца.

Вработените во јавниот сектор протестираат за да привлечат внимание на недостигот на персонал и големиот обем на работа, а истовремено бараат подобри работни услови и поголема плата.

Пандемијата на Ковид-19 го влоши веќе постоечкиот недостиг на здравствен персонал, велат синдикатите, додавајќи дека испратиле „неколку предупредувачки сигнали до различни влади и министри, но безуспешно“.

Синдикатите исто така ја осудуваат белгиската Влада што не дава поголема поддршка за социјалниот и здравствениот сектор во буџетот за 2023 година.

Протестите почнаа минатиот декември и имаат за цел да го привлечат вниманието на очигледниот недостиг на персонал, како и на работните услови кои тие ги опишаа како „неодржливи“.

Овие сектори очекуваат зголемување на платите за да можат да привлечат млада и способна работна сила.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски, Муцунски и Муртезани во Брисел

Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети, отповикан од амбасадата во Брисел

A1on

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел