Руското Министерство за индустрија и трговија објави дека анектираните украински региони ќе добијат наредба да почнат да го користат московско време. Министерството на Телеграм објави дека Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон ќе бидат поврзани со друга временска зона.
„Предлог-законот е веќе доставен до Владата“, се вели во соопштението.