Електричната мрежа на Украина претрпе значителна штета по масовниот руски ракетен напад, објави државниот енергетски оператор. Обновувањето на електричната мрежа станува сè потешко по секој руски напад.
Украина досега претрпе 13 ракетни напади и 15 напади со беспилотни летала врз нејзините енергетски капацитети. Претходно премиерот Денис Шмихал изјави дека главни цели се енергетските капацитети.