Руската стратешка авијација и Црноморската флота рано утринава околу седум часот по средноевропско време извршија масовен ракетен напад врз цели низ Украина. Цели на рускиот напад се Киев, Запорожје, целиот западен дел на Украина.
Подготовките за нападот започнаа во средата доцна навечер кога руската армија од север од Белорусија и од исток изврши масовен напад со беспилотни летала камикази, со кои украинските воздухопловни сили се бореа цела ноќ до зори.
Во раните утрински часови имаше масовно полетување на стратешките бомбардери ТУ-95-МС од кои беа лансирани крстосувачки ракети Х-101 над Каспиското Езеро, додека Црноморската флота за прв пат лансираше крстосувачки ракети од калибар од Азовското Море.
Патеката на летот на ракетата отишла над истокот на Украина, а потоа се расцепила и полетала во три правци. За разлика од синоќа, немаше напади од правец на Белорусија.
Граѓаните ги користат социјалните мрежи за да пријават масовни прелети на ракети кои ја погодија критичната инфраструктура. Снема струја во голем дел од Украина.