Шпанската полиција уапси лице осомничено за минатогодишните инциденти со испратени писма-бомби

Од:

Шпанската полиција денеска уапси 74-годишен маж осомничен дека во ноември и декември минатата година испраќал писма-бомби до амбасадите на Украина и на САД, како и на уште неколку институции во земјата.

Според шпанското Министерство за внатрешни работи, лицето кое е државјанин на Шпанија било приведено во северниот град Миранда дел Ебро.

Едно лице беше полесно повредено од писмо-бомба во Украинската амбасада во Мадрид.

Вкупно шест пакети со експлозив беа испратени на целни адреси, вклучувајќи го премиерот Педро Санчез, владини канцеларии, агенција на ЕУ и Американската амбасада помеѓу 24 ноември и 2 декември.

Осомничениот е уапсен откако „Њујорк Тајмс“ објави дека истрагата во врска со писмените бомби последните недели била фокусирана на „Руското царско движење“ – радикална група поврзана со екстремно десничарски шпански организации. Се верува дека групата е поврзана со руски разузнавачки агенции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја