Зеленски внимателно реагира на извештаите за тенковите „Леопард“, нагласувајќи колку се неопходни

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претпазливо реагираше на извештаите дека германскиот канцелар Олаф Шолц се согласил да и достави на Украина борбени тенкови „Леопард 2“.

– Многу труд, зборови и ветувања, рече тој во своето секојдневно видео-обраќање доцна синоќа.

– Но, важно е да се види реалноста … Не се работи за пет, ни десет, ни петнаесет тенкови. Потребата е поголема. Секој ден правиме сè што е потребно за да го пополниме дефицитот. И благодарен сум на сите што нè поддржуваат во тоа, рече Зеленски.

Зеленски со месеци го повикува Берлин да му достави на Киев потешко оружје за да ги победи руските сили, пренесе ДПА.

Дискусиите за испорака на тенкови сега мораа „да завршат со одлуки“.

– Одлуки со кои навистина ќе ја зајакнеме нашата одбрана од терористите, рече украинскиот лидер.

– Сојузниците на Украина го имаат неопходниот број тенкови. Кога ќе се постигне потребната тежина на одлуките, ќе бидеме среќни да изразиме благодарност за секоја тешка одлука, рече Зеленски.

По неколкунеделен зголемен притисок врз Берлин, ДПА вчера јави дека германската Влада одлучила да и испорача на Украина борбени тенкови Леопард 2.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски му честиташе на Трамп

Севернокорејски војници се судрија со Украинците во Русија, пренесува Њујорк Тајмс

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев од различни правци со беспилотни летала, oштетени згради и далноводи

Катерина Ѓуровски

Украинците ги чекаат иборите во САД во страв дека Трамп ќе ги напушти

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски