Кишида: Приоритет на Јапонија е развивање на армијата

Од:

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека земјата се соочува со најтешката безбедносна средина во регионот од крајот на Втората светска војна и вети дека ќе ја развива војската според неодамна усвоената безбедносна стратегија за следните пет години.

Во декември, Владата на Кишида ги усвои клучните безбедносни и одбранбени реформи, вклучително и за контранапад, што претставува отстапување од повоената политика на самоодбрана на земјата.

Во говорот за владината политика на почетокот на овогодишната собраниска седница, Кишида наведе дека приоритет треба да ѝ се даде на активната дипломатија, но дека за тоа „потребни се одбранбените сили кои ќе ја поддржат“.

Според Кишида новата безбедносна стратегија на Јапонија се заснова на „реалистична симулација“, а целта на новата стратегија е да се контролираат растечките територијални амбиции на Кина.

Кишида рече дека тоа е „драстичен пресврт“ во јапонската безбедносна политика, но дека и понатаму останува во рамките на пацифистичкиот Устав на земјата и меѓународното право. Тој додаде дека нема да има промени во безбедносните принципи на Јапонија против нуклеарното оружје, за самоодбрана и мирољубива политика на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он