Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Економскиот форум во Давос оценил дека Грција нема да оди во војна со Турција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
На панел дискусија со новинарот Фаред Закариа, Мицотакис говорејќи за односите со Анкара рекол дека иако биле сведоци на многу тензии во изминатите три години, сепак нема да има војна и порачал дека двете земји треба да бидат во позиција да седнат на маса „како логични возрасни луѓе“ за да се реши единствената разлика, односно одредување на морските зони во Егејското море и Источниот Медитеран.
-Тоа е сложено прашање поради географијата на Егејското море, но успеавме да решиме слични проблеми со нашите соседи, истакнал Мицотакис според АНА-МПА.
Извор: МИА