Трамп побара официјално да се врати на социјалната мрежа

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп официјално побара да се врати на Фејсбук, објавија денеска негови соработници.

Скот Гаст, адвокатот на Трамп, упати писмо до основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Во него тој побара средба за да се разговара за брзото враќање на Трамп на социјалната мрежа. Во писмото, адвокатот ја повикува платформата да поттикне вистински дијалог, а не да го замолчува гласот на претседателски кандидат.

На Трамп му беше забранет пристапот на Фејсбук на две години по упадот на Конгресот на 6 јануари 2021 година од неговите поддржувачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата