Седумгодишно девојче е во критична состојба, додека четири жени и уште едно девојче исто така се пренесени во болница по пукањето во близина на станицата Еустон во центарот на Лондон.
Полицијата првично соопшти дека седумгодишно девојче и три жени – на 48, 54 и 41-годишна возраст – биле пренесени во болница по инцидентот.
Потоа полицијата објави дека состојбата на седумгодишното девојче е опасна по живот. Во болница е пренесена 21-годишна жена, а детали за нејзината состојба не се соопштуваат. Друго дете, 12-годишно девојче, исто така е пренесено во болница со полесна повреда на ногата, но е пуштено.
Earlier this afternoon officers responded to reports of a shooting in the vicinity of a church in Phoenix Road, NW1.
There is a significant police presence in the area and an investigation is under way.
The update below provides further information: pic.twitter.com/lh2nVfOwoZ
— Camden Police (@MPSCamden) January 14, 2023
Детективите изјавија дека инцидентот се случил во близина на црквата каде што се одржувал погреб.
Полицијата соопшти дека нивната првична истрага покажува дека истрели биле испукани од возило во движење, кое потоа се оддалечило од местото на настанот. Засега нема осомничени.