Општина Гази Баба постави куќички за бездомните кучиња

Од:

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека низ општина Гази Баба се поставени куќички за бездомни кучиња.

– Поставени куќички за бездомни кучиња на повеќе локации низ општина Гази Баба. Општина Гази Баба во соработка со ЈКП Гази Баба изработи и на повеќе локации низ општината постави куќички за бездомните кучиња. Оваа акција ја спроведуваме на предлог на повеќе граѓани со цел хуман однос кон мирните бездомни кучиња. Изминатиот период како општина во неколку наврати инициравме до ЈП Лајка организирање на акции за собирање на агресивните бездомни кучиња со цел заштита на граѓаните. Сите бездомни кучиња не се агресивни. – напиша Стефковски.

Би можело да ве интересира

Стефковски: Општина Гази Баба треба да врати 127 милиони денари за Скопски саем

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба

Катерина Ѓуровски

Реакција од Општина Гази Баба на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Гази Баба ќе субвенционира стерилизација на домашни миленици

Стефковски: Лага е дека советничката која ја напушти Левица е предмет на политички пазар

Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба