На Даравелски му застарело делото, барањето за ново судење ќе му донесе слобода во Македонија

Од:

Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, на кого му се судеше во отсуство, побарал повторување на судската постапка. Реотворањето на постапката и новото судење, ќе значи укинување на пресудата според која тој е во „Идризово“, но и застарување на делото за кое се гонеше.

Даравелски се гонел за дело злоупотреба на службена положба и овластување, кое според обвинението го сторил од 1999 до 2002 година. Кривичниот законик предвидува дека за делото можат да бидат изречени максимум 10 години затвор. Застарувањето е за дваесет години, односно во 2022 година. Ова ќе значи дека Даравелски ќе се спаси од кривичен прогон, бидејќи делото е застарено

Тој беше во бегство две децении. Вчера, беше уапсен на „Табановце“ каде дошол сам и свесно. Бидејќи бил баран со потерница, беше спроведен директно во затвор во „Идризово“, од каде наскоро ќе излезе.

„А1он“ се обиде да исконтактира со адвокат Душан Шарановиќ кој го застапува Даравелски, но тој не одговори на повикот, околу деталите за тоа кој го направил планот за враќање на ексдиректорот на Царина, за да помине без одговорност за злоупотребите.

На Даравелски не му е застарено извршувањето на казната. Доколку немаше барање за ново судење, бидејќи претходно беше суден во отсуство, тој ќе требаше да ја отслужи казната.

Би можело да ве интересира

Даравелски излезе од „Идризово“

Даравелски повторно на суд, Кривичен дозволи повторување на постапката

Ана Ололовска

На Табановце уапсен Драган Даравелски

Ана Ололовска

Уапсен Драган Даравелски, тече постапката за негова екстрадиција

Ана Ололовска

Имотот на Драган Даравелски оди на продажба

Кејт Мидлтон