Нема индикации дека Русите убиле 600 Украинци во еден напад, тврди сведок за Ројтерс

Од:

Рускиот ракетен напад врз украинскиот град Краматорск предизвика штета, но не уништи згради и нема очигледни докази за жртви, изјави сведок на Ројтерс, откако Русија извести дека убила 600 украински војници во нападот.

Новинарите на Ројтерс ги посетиле двете згради од студентски дом каде, според руските наводи, украински војници привремено биле стационирани, во близина на линијата на фронтот во моментот на рускиот ноќен ракетен напад.

Се чини дека ниту една од двете згради не е сериозно оштетена. Исто така, нема очигледни знаци дека војници биле таму, ниту траги од тела или крв. Искршени се некои прозорци на една зграда, а во дворот има голем кратер. Втората зграда, која руското Министерство за одбрана ја нарече Хостел бр. 28, е недопрена, пишува Ројтерс.

Властите во Киев веднаш не ги коментираа руските наводи за неколку стотици жртви, додека градоначалникот на Краматорск претходно изјави дека нема жртви.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот на зградите во Краматорск е одмазда за смртоносниот украински напад на почетокот на оваа година врз руската касарна во Макиевка во делот на регионот Доњецк контролиран од руските сили. Во тој напад загинаа најмалку 89 руски војници.

Павло Кириленко, украинскиот гувернер на областа Доњецк, претходно изјави дека Русија извршила седум ракетни напади врз Краматорск. Се верува дека Украина ја прекина практиката на стационирање на голем број војници во ист објект по смртоносниот руски ракетен напад врз база во западна Украина во кој загинаа десетици војници.

Русија постојано го гранатираше Краматорск, кој исто така се наоѓа во регионот Доњецк, еден од четирите региони формално припоени од Москва кон Русија, што Украина и огромното мнозинство земји не го признаваат.

Краматорск се наоѓа на педесетина километри северозападно од Бахмут, град кој руските војници се обидуваат да го освојат повеќе од пет месеци. Тој град ги доживеа некои од најжестоките борби во изминатите неколку недели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина