Аеродромот во Приштина е евакуиран поради закана за бомба, јавува Репортер.
Портпаролката на аеродромот Валентина Гара рече дека евакуираните патници и персоналот се добро и безбедни.
„Потврдувам дека добивме дојава за бомба. Патниците и вработените на аеродромот се евакуирани и се безбедни. Тимот за итни случаи истражува“, рече таа.