Лавров: Нема повеќе заеднички проекти со ЕУ

Од:

Во интервју за руската државна новинска агенција, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија повеќе не планира да започнува заеднички проекти со Европската унија, имајќи предвид дека Западот практично води хибридна војна против Москва.

Како што вели, односите меѓу Москва и ЕУ се на историски ниско ниво од, како што рече, познати причини.

– Набргу по започнувањето на „специјална воена операција“, Брисел тргна по стапките на САД и НАТО во хибридна војна против нас. Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, беше еден од првите кои повикаа на пораз на Русија на бојното поле – истакна Лавров.

Тој додаде дека веќе нема да биде „бизнис како и обично“ со таквите актери.

– Немаме намера да тропаме на затворени врати, ниту да започнуваме некакви заеднички проекти. Фала му на Бога, светот за нас не е само Европската унија и ние имаме многу пријатели и истомисленици на други места – рече тој.

Лавров ги осуди владејачките елити во ЕУ дека им наштетуваат на виталните интереси и благосостојбата на нивните граѓани.

– Тие го следеа антитурското раководство на хегемонот преку океанот речиси целосно послушно, а понекогаш дури и надминувајќи ги (САД) – рече тој.

Би можело да ве интересира

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници