Лавров: Нема да го бркаме Западот, ќе се фокусираме на оние кои не не изневериле

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека западните земји наскоро ќе се соочат со ситуација кога нивната способност да „управуваат“ со глобалната економија ќе се намали.

Тој на работниот состанок со претставници на руските медиуми, укажа дека во тој случај сакале или не, западните земји ќе мора да преговараат.

– Во блиска иднина ќе видиме намалување на можноста на Западот, многу сериозно намалување на можноста да управуваат со светската економија така како што тие сакаат, а сакале или не, ќе мора да преговараат, порача Лавров.

„Ние, како што многупати кажавме: нема да го бркаме Западот, тие ги прекинаа речиси сите односи. Имаме со кого да развиваме соработка во економијата, во социјалната, во културната, во спортот. И ќе се фокусираме на оние кои никогаш не не изневериле. И со кои понекогаш доаѓавме до многу тежок компромис, но кога беа постигнати, никој никого не измами. Со Западот се е токму спротивното“, заклучува министерот, пренесува Риа новости.

Би можело да ве интересира

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Лавров: Зеленски нема да одлучува за преговорите

Лавров: Ништо нема да се смени во украинската криза со доаѓањето на Трамп

Лавров за контактите меѓу Москва и тимот на Трамп: Подобро да разговараме отколку да се изолираме