За Ковачевски не е пропаганда, туку висок морален чин што на сметка на приватната ЕВН стои колку Владата ни помага за струја

Од:

За премиерот Димитар Ковачевски не е пропаганда ниту флаер што на новите сметки на приватната компанија ЕВН за последниот отчитувачки период ноември-декември стои колку Владата од нашите трошоци за електрична енергија субвенционира секој месец.

– Тоа воопшто не е пропаганда ниту флаер, туку сметка за струја. Цената на електричната енергија доколку се погледне на берзите е околу 300 евра, минатата недела беше 500 евра. Сега цената е намалена поради празниците, но откако ќе завршат прославите, цената на струјата ќе биде зголемена. ЕСМ произведува електрична енергија за ЕВН кој ја дистрибуира до 600.000 домаќинства. Таа е субвенционирана од страна на Владата.

Субвенцијата се префрла на ЕСМ за да се набават енергенси за да се произведе поевтина струја. Таа субвенција изнесува 73% од сметката за струја. Многу е етички од страна на Владата и тоа е висок морален чин да ја субвенционира цената и со тоа да не дозволи ценовен шок за граѓаните. А убаво е да се знае дека постои субвенција затоа што секој заштеден киловат од граѓаните значи помалку потрошени финансиски средства од страна на буџетот. Не е пропаганда затоа што стои колку субвенционира Владата, а не политичка партија – рече премиерот Ковачевски.

Веднаш по неговата изјава државната ЕСМ испрати соопштение дека во сметката се покажани примери за сметка и износ на субвенцијата која добива домаќинството а во која се вкалкулирани сумата која владата ја подмирува како разлика од актуелната субвенционирана цена на ЕСМ до
производната цена на ЕСМ и разликата од реалната цена за технички загуби која до сега Мепсо и Електродистрибуција ја обезбедуваа од берза а сега од ЕСМ по субвенционирана цена.

Оваа нова сметка на ЕВН со објаснување на субвенициите се појави во време кога РКЕ одлучува за новата цена на струјата која ќе важи од 1 јануари, а за која Владата уверува дека нема да биде драстично зголемена освен во делот на ддв-то кое се враќа од пет на десет отсто.
Останува отворено и прашањето како Владата ќе ги покрие загубите од над 170 милиони евра во буџетот кои се искористија за купување на струја од слободниот пазар затоа што ЕСМ не можеше да ги задоволи потребите од домашното производство.

Регулаторната комисија до денеска требаше да донесе одлука за новата цена на струјата, но се уште се разгледуваат податоците од ЕВН, МЕПСО и Електродистрибуција. Претходно ЕВН Хоме од ЕСМ доби понуда од 56 евра за мегават-час, цена што е за 16 отсто повисока од цената за периодот од јули до декември годинава.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите