30 дена притвор за гевгеличанецот кој силувал другарка

Од:

Триесет дена притвор му одреди истражен судија на гевгеличанец кој од ОЈО е осомничен дека сторил кривично дело силување.

Тој на 19 декември, на сила и со сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и врз животот и телото на нејзините родители, ја присилил на обљуба оштетената со која другарувале и се познавале повеќе години наназад.

Според ОЈО, тие се договориле да се сретнат, бидејќи на осомничениот му бил роденден. Тој ја зел оштетената со автомобилот и ја однел кај тениското игралиште лоцирано кај поранешната касарна во Гевгелија, каде почнал да и зборува дека ја сака. Кога оштетената го одбила, станал агресивен, ја фатил со двете раце за вратот и започнал да ја дави од што оштетената изгубила свест. Кога се освестила, со возилото биле стигнати пред местото викано „Динќот“, па бидејќи осомничениот возел побавно, оштетената ја отворила вратата и побегнала надвор од возилото и почнала да бара помош.

Во близина немало никој, па осомничениот го запрел возилото, излегол надвор и кога ја стигнал почнал со боксови да ја удира по лицето во пределот на главата и очите. Од ударите оштетената повторно паднала во бессознание, по што осомничениот ја ставил во возилото и ја однел во викендица во селото Конско, сопственост на неговото семејство.

Бидејќи пружала отпор, почнал да и се заканува дека нема да излезе жива од таму, дека ако каже на некој ќе ги убие нејзините родители и нејзините другарки, а заканите ги изрекувал држејќи секира до него. Потоа извршил обљуба врз неа неколку пати, па ја запалил нејзината облека и телефон за да ги прикрие трагите. Ја натерал да му вети дека нема да го пријави, по што и дал друга облека од викендицата и ја оставил пред куќата во која живее.

Би можело да ве интересира

Ја силувал, ја тепал со столица, се заканувал дека ќе ја фрли од тераса

Предраг Петровиќ

Млади Авганистанци силуваa 15-годишно девојче во парк во Англија – осудени се на високи казни

А1он

Ја силувал и ја уценувал, и се јавувал на сопругата да му донесе кокаин за да не ја убие жртвата

Катерина Ѓуровски

Уапсени се Кинези во Србија осомничени за киднапирање и силување

Горан Наумовски

Малолетник силуваше девојче, а негов другар снимаше со телефон

Силување во Дојран: Не смееш да бидеш со друг