Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пораз го започна учеството нa егзибиците во Светската тениска лига во Дубаи. Тој загуби од Александар Зверев со 6:3, 6:4 во гемови, по еден час и шест минути игра.
„Соколите“ на Ѓоковиќ беа поразени од „јастребите“ со вкупен резултат 33:27, бидејќи ривалите поради триумфот добија дополнителни пет бода.
Форматот е таков што се бројат мечевите собрани во три натпревари – мешани двојки, женски и машки сингл.
Во мешани двојки, во првиот денешен меч Димитров и Бадоша ги совладаа Тим и Пављученкова со 5:7, 6:3, 10:4. Веднаш потоа, Рибакина со пресврт ја совлада Сабаленка со 0:6, 6:1, 10:6.
Извор: Топспорт