Почина Синиша Михајловиќ

Од:

Синиша Михајловиќ, легендарниот српски фудбалер, почина денеска, на 53-годишна возраст.

Михајловиќ веќе неколку години се бореше со леукемија.

Претходните денови имаше информации дека состојбата му се влошила, но повеќето од неговите обожаватели веруваа дека и овој пат ќе издржи.

Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Израснал во Борово, каде што стана професионален фудбалер во 1986 година.

Две години подоцна се пресели во Нови Сад во Војводина, а во 1990 година пристигна во Црвена звезда со која стана европски и светски првак.

По две сезони минати на „Маракана“, тој се пресели во Италија, каде го стекна статусот на еден од најдобрите дефанзивци во Серија А во дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и на Интер.

Со Лацио и Интер беше шампион на Италија, а со римскиот клуб го освои и Купот на победниците на куповите и Суперкупот на УЕФА.

Проглaсен е за најдобар фудбалер на Југославија во 1999 година.

За репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна десет гола.

Како тренер ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг и на крајот Болоња. Беше и селектор на Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Громогласен аплауз, песни и факли: Плејада великани се простуваат од Михајловиќ

А1он

ВИДЕО: Луѓе во колони чекаат да се простат од Синиша Михајловиќ

Ана Ололовска

Ерос Рамацоти: Брате, ќе ми недостигаш

Ана Ололовска

Ќерката на Михајловиќ објави фотографија со татко и од болница

Ана Ололовска

Ќерката на Синиша Михајловиќ со потресна слика од болница: Тато ми треба твојата прегратка

Ана Ололовска

Сопругата на Михајловиќ испрати трогателна порака

Ана Ололовска